Поддршка за приватниот сектор

Предизвиците со кои денес се соочуваат компаниите за да напредуваат и да продолжат да напредуваат се многубројни. Започнувањето и раководењето компанија може да биде незгодно. Затоа, ЕУ ја донесе политиката за претпријатија и индустрија, за да им помогне на новите претприемачи да стекнат и да ја зголемат својата конкурентска предност. Со неа се гради поволно опкружување за развивање на деловното работење и индустриите, преку поттикнување иновации, истражување и технолошки развој и поедноставување на законодавството. Тоа пак овозможува создавање на здраво економско опкружување и придонесува кон создавање нови работни места. Политиката, исто така, ги зема предвид принципите на одржлив развој и предизвиците кои доаѓаат како резултат на климатските промени. А посветува и посебно внимание на малите и средни претпријатија и туризмот. Откако стратегијата Европа 2020 започна да се спроведува во 2010 г., политиката за претпријатија и индустрија стана еден од клучните приоритети на ЕУ.

Политиката за претпријатијата, фокусирајќи се врз конкурентноста, помага да се обезбеди економскиот раст со што се обезбедуваат основните ресурси за справување со еколошките притисоци и се зајакнува социјалната кохезија. Истовремено, политиката за претпријатијата придонесува социјалните и еколошките прашања да се интегрираат во деловните практики и промовира рамковни услови што овозможуваат иновации.

Со цел да се опфатат овие значајни приоритети, ЕУ разви разни програми и проекти поддржани од соодветни финансиски инструменти. Намалување на административното оптоварување, поттикнување на иновативноста, поттикнување на одржливо производство, обезбедување на непречено функционирање на внатрешниот пазар на ЕУ за стоки и услуги, олеснување на пристапот до финансии за МСП и иновации, отворање можности за работење на пазарите во трети земји, промовирање на претприемништвото – овие се само неколку примери за тоа што Европската Унија прави за да создаде поволно деловно опкружување и да го поттикне растот на приватниот сектор.

Некои од тековните програми и проекти со кои се обезбедува поддршка на приватниот секторот се, исто така, достапни и за трговските друштва од поранешна Југословенска Република Македонија:

Back to Трговија