Работилница за културата на дебатирањето, слободата на изразување и независните медиуми, 3-4 Април 2012 (03/04/2012)
Работилница за културата на дебатирањето, слободата на изразување и независните медиуми
Од 3 до 4 април, во Охрид, ќе се организира дводневна работилница со наслов 'Култура на дебатирање, слобода на изразување и независни медиуми' како дел на програмата „луѓе за луѓе“ финансирана од Европската Унија.
На работилницата, официјални обраќања ќе имаат:
г-дин Роберт Лидел, Раководител на одделот за политика и информации, Делегација на ЕУ;
г-дин Миле Јанакиевски, Министер за транспорт и врски;
г-дин Насер Селмани, Претседател на здружението на новинари; и
г-ѓа Ања Чизмек, Директор на Фондацијата Конрад Аденауер.
Г-ѓа Андрис Кестерис, советник за граѓанското општество и медиуми во Генералниот директорат за проширување на Европската Комисија, ќе ги претстави прашањата поврзани со медиумите и слободата на изразување во рамките на политиката за проширување на Европската Унија.
Работилницата ќе се фокусира на прашања за транспарентноста на сопственоста на медиумите и механизми за самоконтрола и новинарскиот кодекс на етика. На присутните ќе им биде претставен преглед на состојбата во Европа и примери на националните системи. Тие исто така ќе имаат можност да се запознаат за практични начини на воспоставување на тела за самоконтрола. Експерти од неколку земји-членки на ЕУ ќе учествуваат на работилницата.
Настанот е првенствено отворен за новинари и претставници на организациите на граѓанското општество. Исто така, поканети да учествуваат на настанот се и претставници на националната јавна администрација, локални власти и меѓународни организации.
Работилницата 'Култура на дебатирање, слобода на изразување и независни медиуми' е организирана во рамките на Програмата „луѓе за луѓе“ која се стреми да обезбеди можности за организациите на граѓанското општество во земјите со статус кандидат и потенцијални кандидатки, во врска со зачленувањето во ЕУ и да го прошират нивното знаење за ЕУ и процесот на пристапување. Повеќе информации за програмата луѓе за луѓе може да најдете во приложениот леток.
Работилницата е организирана во партнерство со Фондацијата Конрад Аденауер и Министерството за транспорт и врски.
Во прилог е агенда
од настанот.
Новинари и фоторепортери се поканети да известуваат за настанот.
За повеќе информации поврзани со ова соопштение ве молиме контактирате го:
г-дин Константин Јовановски, одговорен за медиуми и информации.
Tel: +389 (0)2 3248 500.
E-mail: konstantin.jovanovski@ec.europa.eu.