Енергијата не' поврзува

Во основа, ЕУ им помага на сите домаќинства, посебно на најранливите, да ги задоволат основните потреби од енергија, на училиштата и болниците да функционираат нормално, и на малите бизниси да обезбедат производство на основните прехранбени производи.
Оваа помош е дел од пакетот вреден една милијарда евра што ЕУ го подготви за Западен Балкан, за инвестиции во чиста енергија. Тој не ги вклучува над 250-те милиони евра за реформа на енергетскиот сектор во земјава кои ЕУ веќе ги обезбеди со поддршка од меѓународните финансиски институции и земјите-членки на ЕУ.
„Енергијата не’ поврзува. Не’ поврзува во време на недостиг со кој се соочуваме сите ширум Европа и светот, како резултат на нехуманата војна на Русија. Не’ поврзува во споделувањето на товарот. И не’ поврзува со иднината преку нашите напори да се свртиме кон чисти извори, со минимално влијание врз животната средина“, рече амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир.