Прв Мониторинг комитет за ИПА 3 во Скопје

На 8 март 2023 година во Скопје, Европската комисија и Владата на Северна Македонија го одржаа годишниот состанок на Мониторинг комитетот за Инструментот за претпристапна помош (ИПА). Ова е прв ИПА Мониторинг комитет во рамките на ИПА 3. Со состанокот претседаваа г. Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања и национален координатор за ИПА, во име на Северна Македонија, и г-а Микела Матуела, вршителка на должност директор за Западен Балкан, во име на Европската комисија.

Европската комисија и Северна Македонија го разгледаа вкупниот напредок во тековната финансиска помош од ЕУ во сите сектори, вклучувајќи ги демократијата, владеењето на правото, животната средина, климатските промени, конкурентноста, вработувањето, здравството и транспортот. Тие разговараа и за тоа како да се осигура капацитетот на властите на Северна Македонија за управување со фондовите на ЕУ, вклучително и за спроведување на Економско-инвестицискиот план со цел максимални придобивки за граѓаните на Северна Македонија.

Европската комисија ја повтори целосната поддршка за Северна Македонија во справувањето со последиците од руската агресија врз Украина. ЕУ активираше Пакет за енергетска поддршка вреден една милијарда евра за Западен Балкан, вклучително и за Северна Македонија, со цел да ги заштити најранливите групи погодени од енергетската криза и да ги поттикне потребните инвестиции во енергетска диверзификација. Европската комисија предложи и макрофинансиска поддршка за економијата на земјата во висина од 100 милиони евра.

Европската комисија е посветена да ја придружува Северна Македонија на нејзиниот пат за пристапување кон ЕУ.