Ден на Европа 2022: Младите ја „зазедоа“ Владата за да ги изложат нивните идеи за подобра регионална соработка, подобро здравје и позелена иднина

Пораката што ја испратија младите е дека нивната генерација нуди решенија наместо само да се жали. Во присуство на амбасадорот Дејвид Гир, младите известувачи Бленди Ходаи, Мимоза Серафимовска и Марија Бургиева претставија конкретни предлози за тоа како да се зајакнат регионалната соработка и помирувањето, како да се работи на прашањата поврзани со менталното здравје (кои станаа актуелни особено за време на пандемијата) и како да се спротивставиме на климатските промени и дополнително да се промовира Европскиот зелен договор. За предлозите потоа разговараа со премиерот, министри и други владини претставници.
https://twitter.com/AmbassadorEU/status/1524781823057862656?cxt=HHwWgICxtam_jqkqAAAA
Конференцијата #ThinkForward: YOUth ACTion NOW!, во организација на Делегацијата на ЕУ и Јуроп Хаус-Скопје, со поддршка од Советот за регионална соработка и Канцеларијата за регионална младинска соработка, се одржа на 9-10 мај, како една од главните активности за одбележување на Денот на Европа годинава. Во Европската година на младите, конференцијата ја нагласи активната улога на младите во градењето подобри општества и подобра иднина – заедно.
Повеќе фотографии од настанот на: https://www.facebook.com/199770503767478/photos/pcb.1387015185042998/1387013095043207/?type=3&theater