Магични звуци и атмосфера во Градскиот парк во Скопје на Денот на Европа

Во свежата пролетна приквечерина на Денот на Европа, меѓународно признатиот филмски композитор, продуцент и пијанист Дуке Бојаџиев и пријателите одржаа концерт на отворено во Градскиот парк во Скопје.
Во придружба на своето пијано, колеги музичари, вклучувајќи и 25-член оркестар, и двајца наратори, Бојаџиев понуди избор од неговиот опус – од филмска музика до камерни и оркестарски дела инспирани од различни култури.
Помеѓу делата, неговото пијано даваше звучна подлога на фрагменти од вечната љубовна поезија на Руми, интерпретирана на македонски и албански јазик.
https://twitter.com/AmbassadorEU/status/1523379140426039296?cxt=HHwWgICstbnQkKQqAAAA
Настанот, во организација на Делегацијата на ЕУ, го пренесуваше во живо националната телевизија.
Повеќе фотографиии и снимка од концертот се достапни во линковите подолу.
https://www.facebook.com/199770503767478/videos/1118323428713708/