2018 – Европска година на културно наследство
Европската Комисија спроведе 10 европски иницијативи како главен политички придонес за годината и обезбеди значително финансирање за културното наследство преку различните програми на ЕУ. Со цел да се обезбеди дека Европската година ќе има влијание и по 2018-та, Комисијата претстави пакет од повеќе од 60 активности поврзани со промовирањето и заштитата на културното наследство за подолг рок. Првата европска рамка за дејствување во културното наследство е подготвена и беше претставена од Тибор Наврашик (Tibor Navracsics), комесар за образование, култура, младина и спорт, на Завршната конференција на Европската година на културно наследство во Виена на 7 декември. Рамката за делување го реафирмира и става во примена начелото на мејнстриминг на културното наследство во различни области од политиката на ЕУ и важи за првиот документ кој претставува интегриран пристап кон културното наследство на европско ниво. Таа ги вклучува и меѓународната соработка и улогата на културното наследство во градење глобални партнерства.
Европската рамка за дејствување можете да ја најдете на овој линк:
https://ec.europa.eu/culture/sites/culture/files/library/documents/staff-working-document-european-agenda-culture-2018.pdf
Завршна конференција на Европската година на културно наследство.
#EuropeForCulture