THIS CONTENT HAS BEEN ARCHIVED

Високата претставничка и потпретседателка Федерика Могерини и комесарот Јоханес Хан за конечното гласање во Собранието на поранешната југословенска Република Македонија за уставните измени за спроведување на Договорот од Преспа

11.01.2019
Teaser
Text

Изразуваме срдечни честитки за денешното гласање за уставните измени во Парламентот. Ова е клучен чекор во спроведувањето на историскиот Договор од Преспa. Политичките водачи, како и граѓаните, покажаа решеност да ја искористат оваа единствена и историска можност во решавањето на еден од најстарите спорови во регионот, и одлучно да продолжат по патот кон Европската Унија. ЕУ силно го поддржува овој договор, кој дава пример за помирување за регионот и за цела Европа. Во очекување да се исполнат следните чекори кои водат кон целосно спроведување на Договорот од Преспа, Европската Унија останува силно посветена да продолжи целосно да ја поддржува и придружува земјата во остварувањето на заедничката стратешка цел – ЕУ интеграцијата.

Категорија
Joint Statements
Location

Bruxelles

Editorial sections
Europe and Central Asia
Western Balkans
North Macedonia
EEAS