Дејвид Гир, амбасадор на Европската Унија во Република Северна Македонија

  • Image
    Ambassador David Geer, Head of the Delegation of the European Union

    Амбасадор Давид Гир

    Copyright: EU Delegation

Поздравна порака

Драги посетители, 

Добредојдовте на нашата веб-страница! 

Се надеваме дека таа ќе ви обезбеди корисни информации поврзани со Европската Унија и нејзините се’ понапредни односи со вашата земја, како и со нејзината улога во светот. 

Овде ќе најдете информации во врска со процесот на проширување со оглед на одлуката на ЕУ од 19 јули 2022 година да отвори пристапни преговори со Северна Македонија.

Веб-страницата ја опишува и помошта од ЕУ за поддршка на европската интеграција, како и значителната помош која ја обезбедуваме како одговор на специфични предизвици како што се пандемијата на ковид-19, енергетската криза, како последица на руската инвазија врз Украина, и потребата од инвестирање во чиста енергија.

Ќе може да прочитате и за работата на Делегацијата, како и за бројните иницијативи, активности и проекти во кои сме вклучени. 

Вашето мислење е добредојдено! Контактирајте не’ директно ако имате сугестии или ако ви се потребни дополнителни информации. 

Амбасадор Дејвид Гир, Шеф на Делегацијата на Европската Унија