На 13 мај, паркот Гази Баба во Скопје беше центарот на забавата. Стотици луѓе од сите возрасти се собраа на пикник, придружен со концерти, различни спортски и образовни активности (вклучително и за ендемските видови во Паркот), вкусна храна и - пред се’ - позитивна енергија. Во скриениот зелен појас недалеку од центарот на градот, Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија го организираше овој настан за граѓаните по повод Денот (или Месецот) на Европа. Непредвидливото мајско време беше на наша страна и ни овозможи попладне полно со забава, која кулминираше со настапот на легендарниот Влатко Стефановски и неговиот бенд.

 

Пикникот беше централниот во серијата настани што Делегацијата на ЕУ, заедно со мрежата на Јуроп Хаус, ги организираше овој мај под мотото „Иднината не’ поврзува“.

https://twitter.com/AmbassadorEU/status/1657391236855078912?cxt=HHwWgIC96Y6jnoAuAAAA

Програмата за одбележување на Денот на Европа започна на 6 мај со отворањето на четвртата Јуроп Хаус во земјата – во Битола. Најмладиот член на растечкото семејство на Јуроп Хаус е сместен во Офицерскиот дом, историско здание заштитено со финансиска поддршка од ЕУ.

https://twitter.com/AmbassadorEU/status/1654916777468411906?cxt=HHwWhIC23c-CufctAAAA

Приемот по повод Денот на Европа се одржа на 8 мај, во Куршумли ан, едно од најубавите места во Скопје и впечатлив споменик на богатото и разнолико минато на градот.

На 9 мај, амбасадорот Дејвид Гир говореше за Денот на Европа во првата епизода од новата серија „ТВ такси 28“, финансирана од ЕУ, која на забавен начин обработува теми од значење за земјата и за ЕУ.

https://twitter.com/AmbassadorEU/status/1655881894586720258?cxt=HHwWhIC9zerz7_otAAAA

Младите и вештините (2023-та е Европска година на вештините) беа во фокусот на програмата на Јуроп Хаус - Струмица и Јуроп Хаус - Крива Паланка. Главниот настан во Струмица се одржа на 11 мај – почна со претставување занаети и вештини (Време за учење), продолжи со посета на занаетчиски дуќан (Време за вежбање) и заврши со изложба на фотографии (Време за делување). На 12 мај, Јуроп Хаус - Крива Паланка отвори изложба на отворено под наслов „Новите лица на вештините: Младински перспективи“.

https://twitter.com/AmbassadorEU/status/1656989824828448770?cxt=HHwWhICxle7d5_4tAAAA

На 14 мај, активностите накратко се вратија во Битола, каде во Офицерскиот дом концерт одржа Европскиот институт за оркестарски изведби ФАМЕС, кој е финансиран од програмата Креативна Европа.

https://twitter.com/AmbassadorEU/status/1657816809033039873?cxt=HHwWgoCw0dbm34EuAAAA

Втората половина на мај 2023 година е посветена на ангажирањето на младите - преку мобилизирање на потенцијалните општински младински совети, како платформи за младински активизам и за учество во донесувањето одлуки, и во партнерство со земјите-ленки на ЕУ, во духот на пристапот #TeamEurope.