Лидерите од Западен Балкан, на состанок во Скопје, ја потврдија посветеноста за брзо спроведување на Планот за раст

На 1 јули 2025 година, комесарката за проширување Марта Кос и лидерите на шесте земји-партнери од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Србија и Црна Гора) одржаа во Скопје состанок посветен на Планот за раст за Западен Балкан поддржан од ЕУ. Лидерите ја потврдија посветеноста да ги искористат можностите што Планот за раст му ги нуди на регионот. 

По една година работа на реформите и интензивна соработка во областите како финансии, транспорт, дигитална поврзаност и поврзување на пазарите, комесарката Марта Кос и лидерите го разгледаа напредокот постигнат досега. Воедно ја потврдија решеноста да се среќаваат редовно со цел да го одржат политичкиот моментум за спроведување на Планот. Лидерите планираат повторно да се сретнат наесен. 

Целото соопштение за јавност https://enlargement.ec.europa.eu/news/western-balkans-leaders-meeting-skopje-reaffirms-commitment-swift-delivery-growth-plan-2025-07-01_en