Солидарност на дело: Тимот Европа помага во евакуацијата и лекувањето на повредени со изгореници по смртоносниот пожар во ноќен клуб во Северна Македонија

Вкупно 115 лица со сериозни изгореници беа евакуирани од Северна Македонија по трагичниот пожар во ноќен клуб во Кочани, во кој загинаа 59 лица, а беа повредени речиси 200. 

 

Пациентите со помалку сериозни повреди беа лекувани во болниците во Северна Македонија.

Седумдесет и пет пациенти беа транспортирани на лекување надвор од земјата со билатерална акција, главно од страна на соседните земји, Бугарија, Грција и Србија, но и Туркије и Австрија, уште во првите часови по трагедијата и пред Владата да го активира Механизмот за цивилна заштита на ЕУ. Во рамки на Механизмот, ЕУ обезбеди евакуација и лекување за 40 пациенти; 13 земји-членки понудија медицински третман, а 11 земји-членки и една земја-учесничка обезбедија транспорт. Други земји, меѓу кои Белгија и Чешка, испратија медицински тимови во Северна Македонија за да им помогнат на властите во лекувањето на пациентите.

Image
EUCPM

Во случај на катастрофи, природни или предизвикани од човечки фактор, учесниците во Механизмот за цивилна заштита на ЕУ (покрај земјите-членки на ЕУ, Механизмот вклучува уште десет земји-учеснички: Албанија, Босна и Херцеговина, Исланд, Молдавија, Норвешка, Северна Македонија, Србија, Туркије, Украина и Црна Гора) може да го контактираат Координативниот центар за одговор при итни случаи на ЕУ (КЦОИС) и да побараат помош. Откако ќе се активира Механизмот и земјата која бара помош ги презицира потребите, ЕУ земјите и државите-учеснички може да понудат итна помош, вклучувајќи и третман во специјализирани болници. КЦОИС ја координира испораката на помошта пришто ЕУ покрива 75% од логистичките трошоци. 

Министерството за здравство во Северна Македонија ги проценува потребите од медицинска опрема која може да ја побара преку Механизмот. ЕУ останува во тесна комуникација во властите на Северна Македонија и е подготвена да обезбеди дополнителна помош, доколку е потребно.

Механизмот за цивилна заштита на ЕУ уште еднаш потврди дека е моќен инструмент на европската солидарност кој овозможува помош за партнерите во тешки времиња.