Твининиг проект „Зајакнување на функциите на буџетско планирање, извршување и внатрешна контрола“ - Оглас за вработување Јазичен асистент на резидентниот твининиг советник со полно работно време

31.08.2023 Expired
Text

Твининиг проектот „Зајакнување на функциите на буџетско планирање, извршување и внатрешна контрола“ е заеднички проект помеѓу администрацијата корисник - Министерство за финансии на Северна Македонија и Холандија, Хрватска, Бугарија и Латвија, претставени од Националната академија за финансии и економија при Министерството за финансии на Холандија.

Главната цел на овој Проект е понатамошно подобрување на ефикасноста и ефективноста на јавната потрошувачка преку спроведување на Програмата за реформи во управувањето со јавните финансии (ПФМ) во земјата. Проектот е во вкупно времетраење од 49 месеци со буџет во износ од 3.700.000 евра.

За реализација на Проектот е потребен јазичен асистент на резидентниот твининиг советник (јазичен асистент на РТС) за наредните 5 месеци, со почеток на агажманот на 1 октомври 2023 г. (со можност за продолжување). Јазичниот асистент на РТС ќе биде вработен со полно работно време во канцеларијата на РТС во Скопје.

Асистентот на РТС не смее да има или неодамна да имал (изминатите 6 месеци) каков било договорeн однос со администрацијата на корисникот, односно јавната администрација на земјата корисник.

Главна задача:

Врши толкување за време на мисии, состаноци, обуки и други проектни настани од англиски на македонски јазик и обратно (исто така и симултано толкување), превод на документи и помагање во управувањето со дневниот обем на работа во канцеларија, во тесна соработка со асистентот на РТС.

Работни задачи

  • толкување од англиски на македонски јазик и обратно на состаноци, обуки, поголеми настани и други средби;
  • превод на документи, закони, прописи, материјали за обука, информативни материјали и други пишани материјали од македонски на англиски и англиски на македонски;
  • изготвување пишани материјали за потребите на Проектот на македонски и на англиски јазик;
  • помош во работата на асистентот на РТС секогаш кога за тоа ќе се јави потреба;
  • помош на РТС во завршување на дневните обврски;
  • заменување на асистентот на РТС во случај на отсуство;
  • обезбедување други услуги за превод и толкување кога е потребно.

Потребни квалификации

  •  македонски јазик да биде мајчин јазик;
  • универзитетско образование (или еквивалентно професионално искуство од најмалку 4 години) во областа;
  • професионална течност во говорењето и пишувањето на англиски и на македонски јазик;
  • искуство во (твининг) проекти на ЕУ/ИПА (ќе се смета за предност);
  • организираност и принципиелност;
  • самостојност;
  • Подготвеност за патување во земјата (а можеби и други земји на ЕУ) за да ги придружува членовите на македонската работна група и странските експерти;
  • Способност за воспоставување и одржување ефективни работни односи;
  • Докажана способност за работа под притисок и способност да се даде приоритет;
  • Tимски играч;
  • Многу добри компјутерски вештини и способност за ракување со Windows апликации, интернет и електронска пошта.

Очекуван почеток и крај на ангажманот: 01.10.2023 – 29.02.2024 (5 месеци)

Ве молиме испратете ја вашата пријава, кратка биографија (CV Europass) со фотографија и придружно писмо на следната електронска пошта: rodney.betorina@finance.gov.mk  со напомена за работното место јазичен асистент на РТС до крајот на работниот ден во недела, 10.09.2023.

Го задржуваме нашето право да контактираме само кандидатите од потесниот избор. Интервјуата се очекува да се одржат во неделата од 11 до 15 септември 2023 година.

Правна природа на договорот за ангажман:

Асистентот на РТС ќе потпише договор за услуги со Националната академија за финансии и економија при Министерството за финансии на Холандија и мора да има статус на самовработен. Негова/нејзина единствена обврска ќе биде да ги почитува сите законски услови за самовработување, како и да ги покрие сите даноци и давачки што ќе произлезат од него.

Deadline
Како да аплицираш?

Ве молиме испратете ја вашата пријава, кратка биографија (CV Europass) со фотографија и придружно писмо на следната електронска пошта: rodney.betorina@finance.gov.mk  со напомена за работното место јазичен асистент на РТС до крајот на работниот ден во недела, 10.09.2023.