Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен во посета на Северна Македонија
„Местото на Северна Македонија е со нас, во ЕУ. Потребно е да направите еден клучен чекор за да продолжите напред. Моментумот на проширување е реален, а Северна Македонија треба да го искористи“, објави претседателката на ЕК на социјалните медиуми.
На заедничка прес-конференција со премиерот Мицкоски, претседателката Фон дер Лејен изјави дека Северна Македонија го претвори Планот за раст „во вистински успех, а наскоро следуваат и нови инвестиции од ЕУ“. „Се приближуваме и во областа на вештачката интелигенција, преку нашата нова антена фабрика за вештачка интелигенција ВЕЗИЛКА. Ова е најдобриот пример на постепена интеграција“, рече во нејзината изјава.
Во текот на турнејата, претседателката Фон дер Лејен се сосредоточи на следните чекори потребни за напредок на партнерите на нивниот пат кон ЕУ, како и на тековниот процес на постепена интеграција, потпомогнат од Планот на ЕУ за раст на Западен Балкан, вреден 6 милијарди евра.