Високиот претставник/потпретседател Борел во Скопје: Северна Македонија и Западен Балкан се стратешки приоритет за ЕУ, усогласениот став околу Русија докажува посветеност кон вредностите на ЕУ

Сегашните околности се „момент на будење за Европа“, „момент за повторно заживување на процесот на проширување со цел да се зацврсти Западен Балкан во ЕУ. Треба да започнеме формални пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија што е можно поскоро“, изјави високиот претставник/потпретседател Жозеп Борел во Скопје на 14 март, на заедничка прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски.
Неговата посета на регионот се случи кога инвазијата на Украина влезе во 17-от ден, и резултираше со над 2.400 цивилни жртви само во Мариупол и најмалку 2,6 милиони Украинци кои ја напуштија својата земја – најголемото движење на луѓе по Втората светска војна.
https://twitter.com/JosepBorrellF/status/1503395983547420679?cxt=HHwWjsC-wdCrkd0pAAAA
Борел ѝ се заблагодари на Владата на Северна Македонија што јасно ја осуди руската агресија и за нејзината цврста поддршка за Украина – нејзината одлука целосно да ги прифати сите декларации на ЕУ и рестриктивни мерки кон Русија јасно ја покажа нејзината посветеност на вредностите на ЕУ. „Војната на Путин не е само за Украина. Станува збор за почитување на меѓународното право и принципи. Станува збор за безбедноста и стабилноста на нашиот европски континент. Тоа влијае на сите нас во економска и политичка смисла – тоа влијае на вас, тоа влијае на ЕУ, тоа влијае на светската рамнотежа. Мора да разговараме со идните членки на ЕУ, како што сте вие. Мора да зборуваме, да разговараме, да го кренеме гласот и да дејствуваме заедно“, рече Борел.
Високиот претставник/потпретседателот и премиерот Ковачевски разговараа за тоа како ЕУ може најдобро да им помогне на земјата и на регионот да се справат со последиците од војната и да ја зголемат нивната отпорност, и преку засилување на соработката во борбата против дезинформациите. ЕУ работи и на подобро интегрирање и поголемо вклучување на регионот во своите иницијативи за справување со економското влијание од војната.
https://twitter.com/JosepBorrellF/status/1503371923241197574?cxt=HHwWjICzoZGzht0pAAAA
Борел покажа разбирање за разочарувањето во земјава поради доцнењето на почетокот на пристапните преговори со ЕУ. Тој ги охрабри Северна Македонија и Бугарија брзо да најдат заемно прифатливо решение за преостанатите билатерални прашања, нагласувајќи дека проширувањето не може да биде загрозено или условено од билатерални прашања. Паралелно, работата на реформите во земјата во клучните области, вклучувајќи го владеењето на правото, дигиталната трансформација и зелената агенда, ќе обезбеди брз напредок кога ќе започнат преговорите. „Ме прашувате, дали можам да ветам датум? Не, можам да ветам волја. А ако има волја, има и начин“, рече високиот претставник/потпретседател (видете го целосното обраќање овде).
https://twitter.com/JosepBorrellF/status/1503322839415459841?cxt=HHwWgsC4oYqK8NwpAAAA
За време на посетата, Борел оствари средби и со претседателот Стево Пендаровски, вицепремиерот Бојан Маричиќ, министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерката за одбрана Славјанка Петровска. Во Собранието се сретна со спикерот Талат Џафери и со претставници на парламентарните политички партии.
https://twitter.com/JosepBorrellF/status/1503408440097574914?cxt=HHwWhMC4hdmAl90pAAAA
https://twitter.com/JosepBorrellF/status/1503430082869739520?cxt=HHwWgICyobzsoN0pAAAA
https://twitter.com/JosepBorrellF/status/1503443618043994112?cxt=HHwWgIC5lamAp90pAAAA
Високиот претставник/потпретседател ја заврши посетата со средба со младите и претставниците на граѓанското општество, кои го претставија својот придонес кон тековната Конференција за иднината на Европа.
https://twitter.com/JosepBorrellF/status/1503457576297672709?cxt=HHwWisC9oeasrd0pAAAA