Децата од Северна Македонија помагаат да се подигне свесноста за детските права
Конвенцијата на Обединетите нации за правата на детето наполни 30 години, но ова не е време за славење. Иако светот напредна многу од нејзиното усвојување, детските права и натаму се кршат секој ден.
Од оваа причина, УНИЦЕФ и ЕУ ги здружија силите и ја почнаа кампањата #TheRealChallenge, која им овоможи на децата и адолесцентите да ги изразат своите видувања за своите права на својот јазик. Кампањата, поттикната од четири куси видеа (во линковите подолу), траеше од 25 октомври до 20 ноември, кога е годишнината на Конвенцијата. Со емотивен и личен стил, видеата испратија порака дека детските права се универзални, ни и оти не треба да се земаат здраво за готово.
Злоупотреба на детски труд:
Милиони деца се наоѓаат во стапицата на злоупотребата на детскиот труд: вистински предизвик е да имаат детство
https://www.youtube.com/watch?v=HkzT0BlozOs&feature=emb_title
Рамноправност:
Сите девојчиња ги немаат истите можности како и момчињата: вистински предизвик е да имаат еднаков третман
https://www.youtube.com/watch?v=ep7YC3cCIVk&feature=emb_title
Обединетост на семејството:
Милиони деца се одвоени од нивните семејства: вистински предизвик е да останат со нивните фамилии
https://www.youtube.com/watch?v=XiDs03LUQOA&feature=emb_title
Врсничко насилство:
Милиони деца се подложени на врсничко насилство секој ден: вистински предизвик е да престане булингот
https://www.youtube.com/watch?v=YuT33KlUT30&feature=emb_title
Конвенцијата за правата на детето и натаму е најприфатениот документ на ОН, кој одигра клучна улога во подобрувањето на животот на децата ширум светот. Меѓутоа вистинските предизвици за децата низ целата планета остануваат и мора да се подига свеста дека тие се навистина реални и неприфатливи: има деца бегалци, деца се регрутираат како војници, има нерамноправност во многу форми, децата се соочуваат со ризик од злоупотреба на нивниот труд, тие се жртви на врсничко насилство, и на социјалните мрежи и во реалниот живот, деца се раздвојуваат од нивните семејства против нивната волја и интерес и ги губат своите домови.
Врсничкото насилство е темата на видеото што во рамките на предизвикот го направи Александар Динев од Северна Македонија
https://vm.tiktok.com/upM2Bc/
Порака на амбасадорот Самуел Жбогар по повод Светскиот ден на детето
https://www.youtube.com/watch?v=P-aHPrqMRWg&feature=emb_title
https://twitter.com/AmbassadorEU/status/1197136862260977666