ЕУРОТОН: Заедно на далечина, обединети во солидарноста, го славиме Денот на Европа

Пандемијата на ковид-19 не ни дозволува физички да се собереме за Денот на Европа како во претходните години, но сигурно ни дава причина да го прославиме 9 Мај погласно од кога било порано.
Цела Европа и сите Европејци се обединети во надминувањето на оваа голема криза и сите треба да сме горди на тоа.
Ќе славиме заедно на далечина додека зборовите на еден од основоположниците на ЕУ, Роберт Шуман, ќе одекнуваат посилно од кога било порано: ЕУ се темели на солидарност.
Музика, уметност, дебати со млади и новинари за фундаменалните вредности на ЕУ, Еразмус и животната средина – ова е дел од годинашната програма на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, во која учествуваат и земјите-членки.
Погледнете ја програмата овде
Да останеме дома и да бидеме заедно!