Оглас за слободно работно место: Асистент за превод на Постојаниот твининг советник
Твининг проектот „Подобрување на надворешната ревизија и парламентарниот надзор” е заеднички проект меѓу Република Северна Македонија, претставувана од Државниот завод за ревизија на Република Северна Македонија како институција корисник, и Република Хрватска и Република Бугарија, претставувани од Државниот завод за ревизија на Република Хрватска и Националната канцеларија за ревизија на Република Бугарија како Твининг партнери од земји-членки на ЕУ.
Проектот е започнат во Февруари 2021 и е на средина од својата имплементација, има потреба од ангажирање на Асистент за превод на Постојаниот твининг советник (RTA Language Assistant) во времетраење од скоро 10 месеци (втората половина од периодот на реализација на проектот, до 31 октомври 2022 година), започнувајќи некаде од средината на месец Јануари 2022 година. Асистентот за превод на Постојаниот твининг советник ќе биде вработен со полно работно време и стациониран во Скопје. Асистентот за превод на Постојаниот твининг советник треба да биде лице кое воопшто или до неодамна (во изминатите 6 месеци) немало било каков договорен однос со администрацијата на земјата корисник.