Патување и студирање
Визи
Од 2009 година, граѓаните на Северна Македонија кои поседуваат биометриски пасоши може да патуваат во земјите од Шенген зоната на ЕУ до 90 дена во период од шест месеци.
На лицата кои планираат да работат во текот на краткиот престој или кои сакаат да останат подолго од 90 дена им се потребни и визи и работни дозволи.
Еразмус +
Еразмус+ е програма на Европската Унија за образование, обука, млади и спорт. Таа им нуди на студентите, наставниците, стажантите и претпријатијата можности за студирање, работа, пракса и размена низ цела Европа.
Еразмус програмата, која го опфаќа периодот 2021-2027 година, има буџет од 26,2 милијарди евра. Ова е надополнето со околу 2,2 милијарди евра од надворешните инструменти на ЕУ. По успехот на програмата во периодот 2014-2020, Еразмус + нуди можности за уште повеќе учесници и за поширок опсег на организации. Еразмус + стана поинклузивна, подигитална и позелена програма. Таа го вклучува и сегментот DiscoverEU, кој им нуди на 18-годишниците можност да добијат европска железничка карта за патување, да учат од другите култури и да се запознаат со други Европејци.
Во Еразмус +, Северна Македонија е рамноправна со земјите-членки на ЕУ. Од 2021 година, ЕУ, во рамки на Еразмус +, финансирала над 39.900 размени меѓу граѓани на ЕУ и Северна Македонија во областите образование, обука, млади и спорт.