THIS CONTENT HAS BEEN ARCHIVED

На 9-ти мај Европската Унија го слави својот 68-ми роденден!

07.05.2018
Text

Денот на Европа, кој секоја година се одржува на 9-ти мај, го слави мирот и единството во Европа.  На оваа дата се одбележува годишнината од историската Декларација на Шуман. Во говорот одржан во Париз во 1950 год., Роберт Шуман, тогашен француски министер за надворешни работи, ја претставил идејата за нова форма на политичка соработка во Европа, со која војните помеѓу народите во Европа ќе станат незамисливи.

За да се одбележи Денот на Европа ширум земјата и да се подигне свеста за ЕУ,  оваа година слично како и претходните години, стотици луѓе ќе земат учество во разни посети, дебати, концерти и други настани.

На 9 мај, Денот на Европа ќе се слави во Куманово, Крива Паланка, Дебар, Кавадарци, Кочани, Гевгелија, Охрид, Гостивар, Тетово, Велес, Струмица и Битола. Инфо точките на ЕУ на универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Универзитетот на ЈИЕ во Тетово и Битолскиот универзитет ќе ги вклучат студентите во дискусии за европската иднина на земјата. Амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар и други амбасадори на земји-членки на ЕУ ќе учествуваат на прославите и ќе ја пренесат пораката за заедничка иднина (за повеќе детали видете табела дадена во прилог).

Централен настан на програмата за Денот на Европа е ЕУ паркот, што ќе се одржи во Штип на 12 мај, во присуство на премиерот Зоран Заев, градоначалникот на Штип, Благој Бочварски и амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар. На настанот ќе се одржат презентации на сите земји-членки на ЕУ од страна на студентите на универзитетот во Штип, спортски активности, како и музички изведби на популарни уметници.  За одбележување на Европската година на културно наследство, ќе се одржи изложба на фотографии од локации на културата во земјата и ЕУ (за повеќе детали видете агенда во прилог).

Делегацијата на Европската Унија поддржува и други настани за Денот на Европа, како што се Скопскиот маратон, годишната матурска парада, дебати и натпревари за деца и студенти организирани од Европското движење во Скопје, Велес, и Куманово, како и бројни културни настани.

 

Новинарите и фоторепортерите се поканети да известуваат за овие настани.

 

 

За информации во врска со ова Соопштение за медиумите, обратете се кај г.Константин Јовановски, офицер за печат и информации. Тел: +389 (0)2 3248 500; E-mail: konstantin.jovanovski@eeas.europa.eu

 

 

Прослави за Денот на Европа во организација на Информативната мрежа на ЕУ

 

 

Куманово, 8 мај

Италијански амбасадор Карло Ромео, Хрватски амбасадор Данијела Баришиќ, Француски амбасадор Кристијан Тимоние, Шпански амбасадор Емилио Лоренцо Сера

Кочани, 9 мај

Амбасадор на ЕУ, Самуел Жбогар

Крива Паланка, 9 мај

Амбасадор на ЕУ, Самуел Жбогар

Гостивар, 9 мај

Чешки амбасадор  Мирослав Томан, Полски амбасадор Јачек Мултановски, Унгарски амбасадор Ласзло Дукс, Словачки амбасадор Хенрик Маркуш

Битола, 9 мај

Италијански амбасадор Карло Ромео

Гевгелија, 9 мај

Шведски амбасадор Матс Стафансон

Тетово, 9 мај

Холандски заменик амбасадор Анк Вилермс

 

 

Прослава на Денот на Европа во Штип, 12 мај

 

АГЕНДА

 

12.00 - 12.10:  Официјално отворање на ЕУ паркот

Церемонија за сечење на лента (влез на плоштад Слобода):

 

  • Благој Бочварски, Градоначалник на Штип
  • Зоран Заев, Премиер
  • Самуел Жбогар, Шеф на Делегацијата на ЕУ

 

12.10 - 12.15:  Изведба на химната од државното музичко училиште „Тодор Скаловски - Тетоец" Струга

 

12.15-12.20:    Поздравно обраќање на Благој Бочварски, Градоначалник на Штип

 

12.20-12.25:    Поздравно обраќање на Зоран Заев, Премиер

 

12.25-12.30:    Поздравно обраќање на амбасадор Самуел Жбогар, Шеф на Делегацијата на ЕУ

 

12.30-14.00:    Посета на штандовите и активностите во ЕУ паркот од страна на премиерот Заев, градоначалникот Бочваровски и амбасадорот Жбогар

17.00:              Почеток на музичката програма:  

 

  • Зоран Илиев
  • Brass Brothers
  • Тамара Тодевска
Категорија
Press releases
Location

Skopje

Editorial sections
Europe and Central Asia
North Macedonia